„Тортура“ – СЈО отвора истрага за апсењето на Љубе Бошкоски


Специјалното обвинителство започнува нова истражна постапка која се води под името Тортура, рече обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес конференција. Таа рече дека врз основа на доказите сите инволвирани, освен оштетениот, биле живо заинтересирани да биде видена тортурата на дел од полициските сили на дело.janeva333

Првоосомничен во овој случај е директорот на управата за безбедност и контраразузнавање во тој период. Тогаш на чело на УБК беше Сашо Мијалков. Постапката е за лишување од слобода на претседателот на Oбединети на Македонија Љубе Бошковски, на шести јуни 2011 еден ден по завршување на парламентарните избори. Притвор не е побарано затоа што првоосомничениот поранешниот директор на УБК повеќе не е на функција.

Осомничени се и специјални полициски службеници. Од СЈО велат дека според доказите, прво осомничениот ги инструирал полициските службеници да ги пречекорат овластувањата и да употребат прекумерна сила со што предизвикале кај приведениот душевно страдање. Наредбодавателот издал наредба „Легнете го на земја, на земја да се апси“, рече Фетаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1