ЈАНЕВА ПОТВРДИ: СЈО ги презема „Шпион“, „Маѓар телеком“ и предметите против Верушевски и син му


Случаите „Маџар Телеком“, „Шпион“, „Верушевски“, се случаите кои ќе ги истражува Специјалното јавно обвинителство, како што денеска објави Катица Јанева.katica janeva 3

-Ова јавно обвинителство ќе воспостави надлежност над предметот попознат во јавноста како “Маџар телеком”, предметот против Зоран Верушевски за кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” од член 396 од кривичниот законик и предметот оформен под ко 1 бр.55/2016 против Горан Верушевски, рече Јанева.

Таа соопшти дека во текот на утрешниот ден до Советот на јавните обвинители достави барање за да бидат предадени овие предмети во СЈО, бидејќи овие предмети, како што рече Јанева, произлегуваат од законот за Специјалното јавно обвинителство и содржината на овие предмети се однесува на незаконското следење на комуникациите.

Јанева потврди дека од 25 март СЈО има надлежност над предметот во јавноста познат како “Шпион” и дека од Апелациониот суд Скопје побарале да биде доставен овој предмет со сите списи.

Катица Јанева ги повика Собранието и институциите да се држат до препораките на Венецијанската комисија и ги нагласи препораките дека треба да се дозволи објавување на материјали кои се од јавен интерес.

Јанева информираше и дека целокупната документција што ја барало СЈО била преземана од Централниот регистар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1