Божиновски: Младенов е убиен поради аферата „Телеком“


Зоран Божиновски објави статија во која тврди дека Младенов бил убиен поради аферата ,,Телеком,, Тој во својот текст вели –

fokus2,, Според сознанијата на мојата комплетна соработничка екипа од Македонија и Словенија, сопственикот на неделникот и дневниот весник „Фокус“, Никола Младенов, бил намамен со ургентен повик од пријател, вечерта кога загинал, на 27. март о. г. Од пријателот бил повикан да дојде во Велес, да се сретне со „некои“ луѓе.

Младенов во Велес бил повикан од страна на посредници кои сакале да му понудат и му понудиле висок поткуп, само да не ја отвори и објави во Македонија новата Телеком корупциска афера, во неговиот дневен и неделен весник „Фокус“. Имал намера тоа да го стори уште во четврток, а најавата би била објавена уште во среда како што тоа вообичаено досега го правеше. 

Никола Младенов имал ексклузивни сознанија и докази за аферата во словенечкиот Телеком која „пукна“ веќе следниот ден, 10-12 часа по неговото загинување. Деталите ги имате овде:

http://www.24ur.com/novice/crna-kronika/znova-hisne-priskave-zaradi-gospodarskega-kriminala.html

Најбитен дел од целата оваа трагедија и главна и посакувана цел на Фамилијата била да дојдат до екстерниот хард диск кој Никола Младенов го носел насекаде со себе. На тој хард диск била архивирана целата тема за криминалот во Телеком Словенија, со вмешаноста на македонските учесници во овој тежок криминал – Тврди Божиновски во својот тект. ,,

Целиот текст со тврдењата на контраверзниот Зоран Божиновски на следниот линк  Буревесник.орг

ИЗЛЕГУВААТ ДЕТАЛИ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ МИГОВИ НА МЛАДЕНОВ

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1