Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор за новинарот Зоран Божиновски. Овој обвинителен акт доаѓа поради основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена, извести ОЈО, јавува Курир.мк.
Инаку, за овие кривични дела Божиновски беше гонет во текот на 2013 година. Поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот, стои во соопштението на ОЈО.
Сопственикот на интернет порталот „Буре весник“ е еден од 22-та обвинети во случајот „Шпион“. Божиновски се водел под името “Луди Милојко”. Кумановскиот новинар преку закани и уцени изнудувал пари од бизнисмени и видни личности.