Бебе во Индија е родено со четири раце и четири нозе и веќе го доби прекарот „Божје момче“ и привлекува илјадници љубопитни погледи во градот Баруипур во источна Индија.
Иако момчето е родено со дефект, неговите родители се пресреќни бидејќи тој потсетува на Хинду богот.
-Иако медицинскиот персонал вели дека детето е родено деформирано, јас сум сигурен дека тоа е боѓји знак, вели еден роднина. Всушност тоа е чудо, боѓје дете. Индиските богови имаат неколку пара раце и нозе, токму како нашето момче.
Полицаецот кој се обидува да се избори со љубопитноста вели дека „сето тоа е трагично“. Тој вели дека луѓето среде улица се молат и плачат, а некои од нив дури веруваат дека тоа е знак дека доаѓа крајот на светот.