Брачен договор од пеколот


Ова се едни од најшокантните барања на богаташите во предбрачните спогодби.Припадничка сте на женскиот пол,  а сонувате да се омажите за богаташ од Њујорк?

Ако тоа е вашата цел, и ако имате среќа да запознаете некој таков тогаш внимателно прочитајте ги следниве неколку реда!

Богатите мажи во Њујорк смислиле начин како да се справат со девојките “спонзоруши” кои мислат дека кога ќе се омажат не мора да ги исполнуваат желбите на својот сопруг.

Досетливите богати мажи ги собрале најдобрите адвокати да ги запишат сите нивни желби, меѓу кои и онаа дека жената не смее да свири на клавир додека мажот е дома.

Еден пар така се договорил за паричен бонус доколку еден од партнерите премногу се здебели, односно оној партнер кој нема да внимава на својот изглед на другиот му должи 10.000 долари. Мажот се согласил да и ја плати таа сума на својата жена доколку неговиот струк го премине договорениот обем.

Еден сопруг одредил дека на масата треба да има свеж подготвен ручек четри пати во неделата, во спротивно жената го губи правото на џепарлак, друг и забранил на својата сопруга да ја крати косата, а трет наредил дека доколку остане бремена неговата жена ќе мора да абортира бидејќи тој не сакал деца.

Најверојатно една од најчудните клаузули е забраната на жената да зборува со стари познаници на улица или во ресторан, а буквално сите договори содржат клаузула за голема казна ако сопругата направи прељуба

Share Button

Tags: ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1