Браќа Албанци протерани од Италија поради тероризам


Двајца браќа, албански државјани се протерани од Италија, поради, како што е оценето, „опасност од тероризам и закана по националната безбедност“.

Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Оркид и Лусиен Мустаќи, на возраст 26 и 23 години, по потекло од албанскот град Лушња. Едниот бил студент, а другиот работник. Тие повеќе од десет години живееле како мигранти во Италија, заедно со семејството и имале регуларен престој.

Браќата Мустаќи им се предадени на албанските власти во приморскиот град Валона со изречена мерка „забрана за влез во Италија засекогаш“.

Истрагата потврдила дека тие одржувале врска и биле индоктринирани со џихадистичката пропаганда на чеченскиот терорист Ели Бомнаралиев (38), кој две години војувал во редовите на борците на ИД во Сирија. Тој бил дел од командата на чеченската терористичка група која ноќта меѓу 3 и 4 декември 2014 година нападна училиште во Грозни, при што загинаа 19 лица.

Двајцата браќа го посетувале исламскиот центар „Ал Дава“ во Фуџа, формиран во 2015 година.

Според истрагата, браќата заедно со руската државјанка Марина Качмазова (49), која исто така е протерана од Италија, биле дел од групата на чеченскиот терорист, чија главна задача била регрутирање млади борци за потребите на ИД.

Обвинителот во Бари, Џузепе Волпе изјави дека од прислушуваните телефонски разговори било утврдено дека браќата Мустаќи биле толку индоктринирани, што биле подготвени да извршат терористички напади, каде тоа од нив ќе биде побарано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1