Браната пред рушење: Загрозен животот на милиони (ВИДЕО)


Американскиот генерал Шон Мекфарленд, водачот на коалицијата на чело со САД која се бори против терористите од Исламска држава, предупреди дека браната на северот од Ирак би можела да се урне што би имало катастрофални последици.brana-u-iraku_48695143

Американската војска заедно со ирачката влада разработува план за спасување на цивили во случај на најлошо сценарио.

Браната е изградена во 80-тите години на минатиот век, се наоѓа северно од Мосул, а нејзината состојба е таква што полека се создаваат пукнатини, наведува АП, и додава дека Иранчаните немаат средства за одржување на браната.

Мекфарленд рекол дека експертите настојуваат да откријат колкави се шансите да пукне браната, но дека едно е сигурно-ако се урне, се ќе се случи многу брзо и тоа е лошо.

Американски воени инжинери детално ја прегледале браната во Мосул уште во 2006 и заклучиле дека тоа е најопасната брана на светот и дека ако пукне градот ќе се најде под вода долабока 20 метри. Дејството на џихадистите на ИСИЛ во близина на браната само ја влошува состојбата бидејќи ги протеруваат техничарите и работниците и крадат опрема.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1