Ричи Зарагоса кој има 10 години и неговата помала сестричка, 4-годишната Гинаја Мендоса, испиле сок од јаболко, почнале да повраќаат крв, а сега лекарите се борат за нивниот живот.
Двете деца од Пенсилванија испиле сок од јаболка во ресторан каде биле со родителите, а потоа им се слошило. Заедно со мајка си и неколку роднини го славеле роденденот на Ричи, а понудата на ресторанот за тој ден била, изеди колку можеш.
Прво реагирала малата сестричка, која како што пренесуваат светските медиуми, почнала да плаче и да вели како внатре се ја пече, а потоа му се слошило и на славеникот. Иако родителите мислеле дека тие биле прејадени, децата одеднаш почнале да повраќаат крв, па со возило на Итна помош биле префрлени во болница.
Лекарите се борат за нивниот живот, а сопственикот на ресторанот тврди дека сокот го земал од најблискиот маркет.
Сокот е на хемиско тестирање, а полицијата и понатаму го истражува случајот.
Како што пишува Мирор, последните резултати покажале присуство на метанол во сокот од јаболка.