Братче и сестричка настрадаа при поплавите во Шипковица


Братче и сестричка од Шипковица додека биле во приземјето на семејната куќа, настрадале во поплавите. Едно ипол годишното братче починло, додека по шестгодишната сестричка се’  уште се трага, објави Канал 77.

Триесет и пет војници со обучени кучиња се во потрага по телото на исчезнатото девојче. Според министерот за одбрана, Зоран Јолевски  дел од војниците му помага на населението во расчистување на теренот.

shipkovica_1

Фото – Канал 77

 

„По барање на жителите на Шипковица, 35 војници утрината од 6:30 часот се на терен.  Поради лошите услови, работите одат бавно“, изјави министерот, Јолевски.

Во меѓувреме општината Тетово отвори собирен пункт за хуманитарна помош и ги повика сите кои сакат и можат да донираат, да ги донесат средствата на паркингот зад општинската зграда.

Потребни се донации во вода за пиење, храна, средства за хигиена, а добредојдени се и финансиски средства. Во Шипковица и Мала Речеца оштетени се голем број на домови, а водата некаде допрела до вторите катови од куќите.

Тетовското јавно претпријатие ги повика граѓаните да не ја употребуваат водата за пиење додека не стигнат резултатите за исправноста на водата од градскиот водовод. Во меѓувреме, препораката е да се пие флаширана вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1