Бејтула Асани, брат на Бекир Асани преку порака на Фејсбук му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, пренесе Фокус.
Од ЗНМ го потврдија настанот и велат дека случајот е пријавен во полиција.
Заканата следела поради статусот во кој Селмани вели дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир, реагираше на својот Твитер профил за заканата што му ја упати брат му на Бекир Асани, Бејлат, кон новинарот и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
-Заканата и навредата што Насер Селмани, претседателот на ЗНМ ја доби поради својот пост на социјалните медиуми е неприфатлива. Овој директен напад на слободата на изразувањето мора да биде истражен и безбедноста на новинарите осигурана, истакна Дезир на Твитер.