Македонките трпат сексуално вознемирување и навреди на работа – молчат поради страв од отказ


Четириесет проценти од жените доживеале некоја форма на сексуално вознемирување на работното место, а 31 процент секојдневно добиваат навреди за својата работа од претпоставените, покажуваат светските статистики.

Според Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати, голем е бројот на случаи на мобинг врз жените на работното место, но мал е бројот на оние кои се охрабруваат да го пријават тоа бидејќи се плашат да не го загубат работното место.

– Во Македонија се смета дека рамноправноста е постигната меѓутоа тоа е само на хартија, а реалноста кажува нешто друго. Жените се 12,5 проценти помалку платени од мажите во сферата на трудот, изјави Санела Доневска од Секцијата на жени при КСС.

Нивни претставнички денеска со делење пропаганден материјал во центарот на градот се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената. Секцијата на жени при КСС ја поддржува и Конвенцијата против родово базирано насилство чија ратификација би допринела за унапредување на правата на жените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1