Почина американскиот стендап-комичар Чарли Марфи, постариот и единствен брат на Еди Марфи. Имаше 57 години.
Според информациите во американските медиуми, комичарот починал од леукемија, а неговата смрт ја шокирала целата јавност.
Неговиот портпарол ја потврдил веста за смртта и изјавил дека Чарли Марфи долго време водел битка со тешката болест и дека во текот на своите последни денови од животот бил измачен со хемотерапии.
Чарли Марфи беше ѕвезда на серијата „Чапелс шоу“. Тој играше и во сериите „Стигнавме ли“ (Are We There Yet), „Бондокс“ (The Boondocks) и „Црн Исус“ (Black Jesus).