Следува студен викенд проследен со врнежи


Во Македонија денес уште еден надпросечно топол пролетен ден, но следува студен викенд проследен со врнежи, предупредуваат од УХМР.dozd

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време, утринските температури од 4 до 11 степени, а максималните дневни од 15 до 26 степени.

Во сабота претежно сончево време со локална облачност и топло време, попладне со услови за развој на нестабилност која може да донесе врнежи од дожд, температурите идентични и без промени како претходиниот ден.

Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд , врнежи кои ќе започнат попладне и во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат.

Дневните температури во опаѓање и ќе се движат од 10 до 21 степени. Во понеделник стабилизација на времето, по студеното утро со утрински температури од 0 до 7 степени, во текот на денот ќ ебиде претежно сончево со локална облачност и посвежо време со пад на дневните температури кои ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1