Братот на косовскиот премиер побарал азил во Германија


Косовскиот премиер објави во неделата на својот профил на Facebook дека неговиот брат е меѓу илјадниците мигранти кои побарале азил во Германија минатата година.

„Точно е. Семејството ме извести дека мојот брат барала азил во странство за да прима медицинска помош за тешката болест која не се лекува на Косово“, пишува Иса Мустафа потврдувајќи ги пишувањата на косовските медиуми.brat premier kosovo

Мустафа прецизира дека неговиот брат Ракип, неговите внуци и внуки тргнале кон западна Европа, но биле вратени на Косово. „Тоа само потврдува дека моето семејство ја споделува судбината на другите граѓани на Косово и нивните проблеми“, додава.

Според информативниот портал Isajderi.com, Ракип Мустафа минал низ Србија и Унгарија на пат кон Франција која не му издала азил. Потоа молбата за азил ја упатил до германската сојузна држава Рајна-Палатинат.

Според статистиката на Европската унија, околу 70.000 косовари барале азил во текот на изминатите две години, а најмладата балканска земја е четврта по бројот на молби за азил зад Сирија, Авганистан и Ирак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1