ФОТО+ВИДЕО: Ова е внуката на Сталин


Запознајте ја неконвенционалната Криси Еванс, внуката на светскиот диктатор Јосиф Сталин, најмалото дете на неговата омилена ќерка Светлана Алилујева.vnuka-na-stalin

Има 44 години и е внука на диктаторот Јосиф Сталин, лидер на Советскиот Сојуз од средината на 20-тите години на минатиот век. Нејзината мајка Светлана Алиујева била единствената ќерка на Сталин и негово омилено дете.

Крис е единственото дете од третиот брак на Светлана со американскиот архитект Вилијам Весли Питерс. Ја родила на 45 години и ѝ го дала името Олга, подоцна променето во Криси. Живее во Портланд, Орегон и има мала антикварница.

Нејзината мајка Светлана која подоцна го променила името во Лана Питерс, починала на 85-годишна возраст. Заедно живееле во Велика Британија, а подоцна се преселиле во САД. За мајка си вели дека цел живот сакала да ја заштити од крвавото минато на дедо ѝ.vnuka2-stalinn-640x902

Кога станува збор за односот на мајка ѝ со Сталин, таа вели дека никогаш не му простила за тоа што го направил во Советскиот Сојуз. Нивниот меѓусебен однос бил сосема различен. Од друга страна, детството на Светлана било многу тешко поради прераната смрт на нејзината мајка, Надежда Алиујева која се самоубила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1