Муарем Асани, братот на претседателот на ДУИ во Чаир, утринава бил нападнат од обезбедувањето на јавното претпријатие „Македонија Пат“ каде се обидел да влезе заканувајќи се со огнено оружје, пишува Нет Прес.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека ваков инцидент не е пријавен кај нив, но според информаците на порталот МКД.мк, утринава Муарем Асани, бил претепан од обезбедувањето на „Македонија Пат“ каде се обидел со пиштол да влезе во канцелариите.
Асани во јавноста е познат по изборни инциденти, посебно во 2008 година кога беше и ранет и напад на новинарот Лирим Дулови.
Муарем е брат на тукушто реизбраниот претседател на огранокот на ДУИ за скопската општина Чаир, Беќир Асани. Директор на ЈП „Македонија пат“ е Гајур Кадриу , исто така член на ДУИ.