Најдобриот македонски пливачки маратонец ја освои Канада
Томи Стефановски победи на маратон во Канада, дел од светската серија. Македонскиот пливач на долги патеки прв ја мина дистанцата од 32 километри преку езерото Сен Жан, и прослави триумф пред Ксавиер Дешарне и Италијанецот Едоардо Сточино.
Вториот наш учестник на 59. издание на оваа трка, Евгениј Поп Ацев, заврши петто пласиран. Пред три дена, Поп Ацев учествуваше и на трката на 10 километри и го освои четвртото место.
Томи Стефановски е најдобриот македонски пливач на долги патеки. Во 2009 година тој го преплива Ла Манш за 7:42:32 часа.