Македонија се обедини во помошта за Србија и за Босна и Херцеговина.
Од вчера до денеска напладне на телефонот 143 400 од сите мобилни оператори се собрани над 2,2 милиони денари или речиси 40.000 евра, повеќе од пола од сумата што на Србија и ја нуди Европската унија.
Телефоните се и натаму отворени, а со секој повик се донираат по 100 денари.