Браво: Македонци меѓу најдобри планински тркачи во свет – го истрчаа ултрамаратонот на Мон Блан


Македонците Жикица Ивановски и Јовица Јованчев, се меѓу 200-те најдобри планински тркачи во светски ранг.

По успешно завршената ултрамаратонска трка Ultra Trail du Mont Blanc, што викендов стартуваше во францускиот град Шамони, двајцата Македонци стазата во должина од 168 километри и денивелација од 9.600 метри, ја истрчаа со време од 31,46, односно 32,46 часа.

marathonrun

Во ултрамаратонската трка стартуваа 2.300 натпреварувачи од целиот свет.

Ова е најтешката ултрамаратонска трка, која се трча од Шамони, прави круг низ швајцарските и италијанските Алпи и повторно завршува во Франција.2marathonrun

Македонија има три натпреварувачи, а покрај Јованчев и Ивановски, во женска конкуренција се натпреварува и Светлана Стојановска, која во моментов ги трча последните километри од оваа тешка трка.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1