Браво: Руски тајкун го откупил Нобеловиот медал на американски научник за да му го врати


Рускиот тајкун Алшер Усманов соопшти дека ќе му го врати Нобеловеиот златен медал на американскиот научник Џејмс Вотсон, што претходно го купил на аукција.

Во соопштение Усманов инфромира дека тој е анонимниот телефонски учесник во аукцијата, одражана минатата недела во лондонската аукциска фирма „Кристис“, кој победил во надавањето и за 4,8 милиони долари го купил медалот што Вотсон го даде за продажба.

D90ABAE3-0C72-44D7-B923-61F798A9100E_w640_r1_s

Ова беше прв случај во историјата на Нобеловата награда, еден доделен златен медал да се најде на аукција за продавање, додека неговиот добитник е се уште жив.

Џејмс Вотсон доби Нобелова награда во 1962 година за откривањето на структурата на ДНК. Заедно со него, нобелови награди добија и научниците Морис Вилкинс и Франсис Крик.

Во изјава за „Фајненшл тајмс“ дадена пред аукцијата, Вотсон рече дека се чувствува како „човек кој не постои“ и дека е целосно игнориран од јавноста, по интервјуто што пред седум години го даде за лондонскиот неделиник „Сандеј тајмс“ во кое ја поврзува интелигенцијата со расната припадност.

Милијаредрот Усманов, меѓутоа, смета дека ситуацијата во која се нашол американскиот научник е крајно неприфатлива.

dnk nobelovec

– Мислам дека е неприфатливо еден голем научник да мора да го продава Нобеловиот златен медал, за да се признааат неговите научни достигнувања. Востсон е еден од најголемите биолози во историјата на човештвото, па Нобеловата награда и добиениот медал за осткривањето на структурата на ДНК, мора да останат само негови, вели Усманов во своето соопштение.

Публицитетот што се направи околу потегот на Вотсон предизвика неговиот златен медал да достигне многу повисока цена од онаа што „Кристис“ ја предвидуваше. На почетокот од надавањето се тргна со 300 до 400 илјади долари, а експертите на фирмата очекуваа дека медалот нема да се продаде за повеќе од 3,5 милиони долари. Усманов го откупи за 4,8 милиони.

Џејмс Вотсон (86) изјави дека парите од продажбата ќе ги употреби за хуманитарни цели и за потикнување на научните достигнувања.

Тајкунот Алшер Усманов за кого американското списание „Форбс“ вели дека има имот од 15,8 милијарди долари, минатата година беше прогласен за најбогатиот човек во Велика Британија, според листата на „Сандеј тајмс“. Во британската јавност тој е познат како најголем акционер во фудбалскиот клуб „Арсенал“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1