Бразил и Швајцарија во осминафинале, елиминација на Србија и Костарика


Бразил и Швајцарија обезбедија пласман во осминафиналето од Групата Е, по вечерашните натпревари од третото коло од групната фаза на светското првенство во Русија. Бразил ја совлада Србија со 2:0 со головите на Паулињо и Тиаго Силва. Швајцарија ремизираше 2:2 со Костарика, но тоа беше доволно за пет бода и второ место во групата.

sp fudbal rusija

Џемаили и Дрмиќ беа стрелци на головите за Швајцарија, а за Костарика погодија Вастон и Руиз од пенал. Претходно денеска Јужна Кореја со 2:0 ја совлада Германија со што светскиот шампион го заврши учеството на Мундијалот во Русија.

Шведска го совлада Мексико со 3:0, а овие две екипи како првопласирани во Групата Ф обезбедија пласман во следната рунда.

Утре се играат четири натпревари. Од 16 часот се среќаваат Јапонија-Полска и Сенегал-Колумбија, а од 20 часот играат Англија-Белгија и Панама-Тунис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1