Бразилски наркодилер „Лакост“ ги мачел своите противници со крокодили


Бразилскиот нарко дилер познат како Лакост одгледувал два мали крокодили и со нив ги плашел и мачел своите противници, соопштила бразилската полиција.

Лакост своето име го добил поради неговата опсесија кон крокодилите, успеал да им побегне на полициските сили за време на операцијата за негово апсење.

– Користел крокодил бебе за да ги плаши и малтретира своите противници и сите оние кои не ги слушаат неговите наредби – раскажува Иван Блас, претставник на оперативниот батаљон на специјалната полиција.

Влечугите биле сместени во куќата на 25 годишниот Валаса Де Брита познат како Лакост, водач на нарко картелот во Моро Де Сериња во северно Рио.

Според пишувањето на весникот „О Диа“ полицијата нуди награда од 500 долари за било каква информација поврзана со бегалецот.

Од 2008 година властите во Рио покренале акција за контрола на главните наркодилери со цел да се обезбеди сигурност на градот за време на одржувањето на светското првенство во фудбал во 2014 година, како и Олимписките игри во 2016 година.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1