Цензура за Сунгерот Боб бидејќи бил Геј?!


Националната комисија за прашања поврзани со моралот во Украина бара да се забрани емитувањето на овој популарен цртан филм заедно со „Симпсонови“ и „Телетабиси“.

Украина разгледува цензура за неколку емисии за најмладата популација затоа што конзервативната комисија ги оценила истите како „реална закана“ за младите.

Психологот Ирина Медведева наведува дека децата од 3 до 5 години прават „гримаси“ и се шегуваат пред возрасните кои не ги познаваат, се смеат гласно и повторуваат бесмислени фрази на дрзок начин, по гледањето на овие емисии.

Украинските весници во четвртокот пишуваа дека некои од емисиите вклучувајќи ги „Фемили Гаја“, „Футурама“, „Покемон“, „Симпсонови“ и „Телетабиси“ – се проекти наменети за уништување на семејството и промовирање на дрога и други пороци.

Иако обвинувањата звучат по малку глупаво, студија од 2011 година спроведена на Универзитетот во Вирџинија тврди дека само девет минути гледање на „Сунгерот Боб“ може негативно да се одрази врз привлекувањето на вниманието и способноста за учење кај четиригодишните деца.

Еве некои од обвиненијата кои Украинската комисија ги навела во својот извештај:

1. Сунгерот боб – Геј

2. Телетабиси – „Намерно целат врз креирање на ненормален човек, кој го поминува цел ден пред телевизор со отворена уста, голтајќи секакви информации – и промовира „психологиј на губитник“

3. Шрек – „Содржи садизам“

4.Саут Парк – „Пропагира реинкарнација“

5. Јапонски анимации – „Јасен пример на сексистичка пропаганда“

Во студијата бил извлечен заклучок дека овие програми претставуваат „експеримент од големи размери врз украинските деца“ со цел од нив да се создаваат „криминалци и перверзнаци“.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1