Од час во час се појавуваат нови детали за кои се претпоставува дека претходеле на крахот на љубовта на Анџелина Џоли и Бред Пит, а последната ексклузива ја понуди таблоидот „Сан“.
Тие пишуваат како Бред и признал на Анџелина дека има проблем со алкохолот и дрогата, а наведуваат и дека имал бројни бурни судири со наскоро бившата сопруга. Наводно и понудил на Анџелина да се пријават на рехабилитација како би го спасиле баркот.
-Таа е луда, но се уште ја сакам – рекол Бред на своите пријатели кога сфатил дека бракот му пропаѓа.
Со оглед на тоа дека Анџелина го нарекла лош татко и побарала старателство над децата со барање Бред само да ги посетува, холивудскиот актер ги ангажирал најдобрите адвокати како би се изборил за заедничко старателство. Бред и Анџелина имаат 6 деца, три посвоени, три биолошки, а се венчаа во август 2014 година.