Бред Пит ќе му биде кум на Џорџ Клуни


Подготовките за свадбата на Џорџ Клуни и неговата свршеница Амал Аламудин се во тек. Свадбата е закажана за 9 септември, а според списанието Пипл, кум на Џорџ и на Амал ќе им биде Бред Пит.

bred pit kluniОва го соопшти тетката на Клуни, која ги потврди гласините дека венчавката ќе се одржи во Италија. Првичната идеја на идните венчани била да се венчаат во Синсинати, но подоцна тие се откажале од неа.

Џорџ Клуни има 53 години, а избраничката – 36. За неа тоа ќе е прв брак, а за актерот – втор. Датумот на венчавката засега не е објавен. Тетката на Клуни откри дека родителите на внукот – Ник и Нина Клуни, се во трескавична подготовка за заминување за Италија.

Eргенската вечер со стриптизети и многу алкохол, ќе ја направат во еден стриптиз клуб во Санта Барбара. Иако оваа идеја на Клуни не му се допаѓа, сепак пријателите не ни помислуваат да ја откажат. Клуни сака неговата свадба и ергенска вечер да поминат без присуство на новинарите. За да нема големи и помпезни најави во јавноста, тој ги советува неговите најблиски да не ги откриваат деталите за свадбената церемонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1