ФOTO: Ужасот од поплавите во Бугарија


Овие фотографии го прикажуваат ужасот со кој граѓаните на соседна Бугарија мораат да се борат по големите поплави кои ја зафатија нивната држава.

1poplava500Најмалку 11 лица загинаа, од кои две се деца, а десетина други се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновове врнат во повеќе делови на Бугарија.  

„Поплавите земаа 10 жртви во Варна, а ја земаа и втората жртва во Добрич, место од кое се евакуирани 150 лица, и уште 40 од Велико Трново“, соопшто бугарскиот министер за внатрешни работи Цветелин Јовчев.

12poplava500

Раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев синоќа соопшти дека полицијата до тој момент пронашла тела на 10 удавени лица.

Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени сапувачи екипи, кои им пружаат помош на настраданите.

11poplava500

Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа повеќе дефекти во електро бреносниот систем, поради што илјадници лица остнаа без електрична енергија.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1