Бред Пит скршен: Емотивна прва средба со децата


Помина речиси еден месец откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на бракот и му забрани на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца.

Холивудскиот актер конечно имаше можност за средба со своите најмили, но секако согласно договоро под надзор на стручно лице.bred-pit-deca-640x903

Деталите кои ги пренесуваат светските медиуми откриваат дека средбата била подеднакво емотивна и за Пит и за децата. Првата средба по речиси еден месец поминала во солзи.

– Солзи му навираа на очите, а тој се обидуваше да се воздржи пред децата, рекол извор кој го цитираат медиумите.bred1-520x501

Бред Пит сакал што поскоро да постигне договор со Анџелина која сега го има целосното старателство на децата. Тој веќе се подлегнал и на низа тестови за да покаже дека нема никакви пороци. Одлуката за посета под надзор на стручно лице следуваше по обвинувањата дека Пит се обидел во алкохолизирана состојба да го претепа синот Медокс.

Анџелина и Бред беа во брак две години, а претходно во врска цели 12. Родители се на шест деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1