Иако поминаа две недели откако Анџелина Џоли поднесе документи за развод, Бред Пит сè уште е во состојба на шок и се чувствува многу лошо.
Славниот актер наводно секој ден плаче и и им ѕвони на родителите, посебно мајка му. Тој освен од барањето за развод шокиран е што во целата ситуација вплеткани се и полицијата и ФБИ и адвокати од висок профил.
Родителите на Бред, Џејн и Бил, живеат во Мисури и биле многу погодени кога Анџелина успеала во својата намера и добила привремено старателство над децата до 20 октомври.
– Бред не може да верува во што му се претвори живот. Единствено нешто што му е важно се децата – изјавил извор близок на Бред за „ЈуЕс Викли“.
За тоа време Бред треба да оди на терапија и да се гледа со децата во присуство на психолог, а целото семејство ќе оди на советување.