Бреговиќ: Татко ми е Хрват, мајка ми Србинка, а жената ми е Муслиманка. Во кого да пукам?


По забраната за настапи и концерти во Украина и во Полска, само затоа што настапил на Крим, Горан Бреговиќ изјави дека неговата музика не му служеше на политиката во времето кога тоа било тешко да се избегне, а нема ни денес.

goran-bregovic

– Ги сакам и Украина и Русија. Свирев во Украина кога победи Портокаловата револуција, баш на тој ист плоштад Мајдан. Жал ми е, бидејќи сакав да бидам амбасадор на тој фестивал – изјави Бреговиќ.

Брега даде споредба со војната на просторите на бивша Југославија.
– Како во нашата војна, во кого да пукам? Мојот татко е од Загорје. Католик, Хрват. Мојата мајка е Србинка од Вировитица. Мојата жена е муслиманка. Во кого да ја вперам пушката? Така и во таа војна. Немам зошто да ги мразам ни Украинците, ни Русите, тоа ми е невозможно – изјави тој

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1