Брејвик се жали: Јас убивав на хуман начин, а мене ме мачат во затвор!


Норвежанецот Андреас Брејвик, кој на островот Утоја, во 2011 година ладнокрвно уби 77 лица, напиша писмо до руската телевизија РЕН ТВ, во кое тој се жали на условите кои ги има во затворот. Брејвик, кој е осуден на 21 година робија, наброја неколку незаконски постапки на затворската управа кон него

brejvik-06-afp_f-Тој ден на 22 јули 2011 година, јас постапив хумано, убивав, а не мачев луѓе, затоа барам и хуман однос кон мене- вели тој во писмото, а потоа објаснува низ каква тортура поминува.

-Забрането ми е да се дружам со луѓето во затворот, посебно со оние кои се неонационалистички настроени како јас- пишува тој.

Брејвик се жали дека управата на затворот одбила да му ги плати книгите кои ги порачал за дополнително да се образува.

Тој вели и дека е незадоволен, затоа што не му дозволуваат да основа партија со која би излегол на избори.

Човекот кој до детали го испланирал нападот во 2011 година, се пожали и дека управата на затворот го ограничува правото на туширање, како и излегувањето на свеж воздух.

Освен тоа, Брејвик се прашува зошто се уште не е изградено новото крило на затворот, иако за тоа се издвоени пари, односно околу три милиони евра.

Брејвик ја служи казната во трособна ќелија. Во затворот се запиша на факултет, а испраќа писма на разни редакции во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1