Професорка во средно училиште во Тексас, Ерика Нигрели (32) била во 36. недела од бременоста, кога во ходникот на школото паднала, откако срцето престанало да и чука. Нејзините колеги веднаш повикале итна помош, и во школото се обиделе со дефибрилатор да и го „покренат“ нејзиното срце, но не успеале.
Жената ја пренеле во болница, каде лекарите ја породиле со царски рез. За време на раѓањето срцето не и работело. Лекарите известиле дека Ерика била клинички мртва, а по породувањето „оживеала“.
Ерика ја родила здравата ќерка Елена, а лекарите известиле дека бебето е во стабилна здравствена состојба. Три месеци по раѓањето на бебето е тешко четири килограми. По породувањето Ерика и нејзината ќерка неколку недели биле на интензивна нега, а на жената и дијагностицирале генетска болест на срцето.