Бремена жена препливала река за да го спаси своето неродено бебе (Видео)


Сакајќи да го спаси нероденото дете, Индијка во последните месеци од бременоста ја препливала реката која го поплавила нејзиното село и го отсекло од остатокот од светот, а нејзе и била потребна медицинска нега за породувањето..

Врнежи го поплавиле нејзиното село и го отсекле од остатокот од светот, па една Индијка во последните месеци бременост со цел да го спаси своето неродено бебе препливала река, бидејќи и била потребна медицинска нега до породувањето.

Јелама Гади (22) минатата сабота родила четири килограми тешко и здраво бебе со помош на царски рез и пресреќна е што нејзиниот напор не бил залуден. “Сакав да го спасам бебето и се’ ќе направев за да успеам во тоа”, изјавила таа за Indian Times.

bremena-indijkaТаа на 31-ви јули, со помош на своите браќа и роднини, бремена ја препливала надојдената река Кришна од 600 метри и успеала да дојде до копното на другата страна. Од тогаш се сместила кај својата баба во местото Golapaldoddi.

Работите ден пред породувањето сепак се искомплицирале па гинеколозите морале да го извршат породувањето преку царски рез за да ги спасат мајката и детето. Гади сега закрепнува и за неколку дена таа и своето бебе ќе бидат пуштени од болница.

Таа ја раскажала и вистинската причина зошто ја препливала надојдената река и се изложила на опасност. “Морав да го спасам бебето бидејќи тоа е огромна желба на семејството на мојот сопруг, бидејќи во нивното семејство долго време не се родило дете. Сега сите сме среќни”, изјавила.

Нејзиниот сопруг се’ уште не го видел новороденото синче бидејќи селото е поплавено и опколено со вода. Но Гади се надева дека тој наскоро ќе ги посети неа и нивното синче, а се надева и дека локалните власти ќе го покријат огромниот медицински трошок кој мора да го плати поради породување со царски рез.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1