Популарната пејачка Лепа Брена наполни 56 години, а по полноќ, во семејниот дом на Бежанијска коса, синовите Виктор и Стефан, подготвија изненадување за мама.
„Среќен роденден мамо! Те сакама најмногу на свет“, напиша Виктор на Инстаграм во описот на сликата што ја сподели со фановите.
Стефан и Виктор максимално се потрудија, па така направија торта, донесоа шампањ и останати роденденски реквизити.Брена е многу горда на своите деца. Пејачката неодамна изјави дека и многу драго што успеала да ги изведе децата на вистинскиот пат, и што не се склони кон пороци.