Брисел ќе може да ги враќа визите за Западен Балкан – вклучувајќи ја и Македонија


Механизмот за привремено враќање на визниот режим за земјите од Западен Балкан и од трети земји во „специфични ситуации“ беше усвоен од Советот на министри на Европската Унија и стапува во сила на дваесеттиот ден од објавување во „Службениот весник на ЕУ“. Во случај на вонредни ситуации поврзани за државјани од трети земји, кога која било членка на ЕУ нема да може сама да ги реши, може да побара од ЕК привремено да го стави вон сила безвизниот режим за таа земја.

visaИзвори од ЕУ велат дека „заштитната клаузула“ не е наменета конкретно за ниту една земја од Западен Балкан и оти може да биде активирана за секоја земја чии граѓани го злоупотребиле правото слободно, без визи, да патуваат во ЕУ.

Досега се сметаше дека најмногу барања за азил имало од македонски и српски граѓани, но им се придружија и барателите на азил од Албанија.

Од македонското Министерство за внатрешни работи не сакаат да ја коментираат одлуката на Брисел.

– Наша работа е да спроведуваме мерки за спречување на негативните појави и елиминирање на можноста од применување на таквите одлуки од страна на европските институции и да правиме напори за намалување на бројот на лажните баратели на азил во европските земји по потекло од Македонија, а не да ги коментираме нивните одлуки – изјави вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска по одлуката од Брисел.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1