Уплатил 2 евра – добил 21 милион – Словенец добитник на европската лотарија


Словенец, чие што име не е објавено, е главен добитник на правата награда од рекордни 21 милиони евра на големата лотарија Евроџекпот.

LOTOЗа ливчето кое му го променило животот уплатил 2,2, евра.

Среќниот добитник ќе мора да плати данок на добивка од 15 отсто.

Досега најголемата добивка во историјата на лотаријата во Словенија беше освоена во јануари 2012 година и изнесуваше пет милиони евра.

Евроџекпот е меѓународна лотарија која се игра во 14 земји, а џекпот досега е извлечен 12 пати. Шест пати беше извлечен во Германија, два пати во Финска и по еднаш во Данска, Норвешка, Италија, а сега и во Словенија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1