Божиќно чудо: Мајка и бебе починале па оживеале – во истовреме срцето повторно почнало да им чука (Видео)


Мајк Херманстрофер моментот кога неговата сопруга и новородено дете во 2009 година се вратиле во живот го нарекол божиќно чудо.

bozicno-cudo-mama-i-beba-umrle-i-ozivjele-na-porodu-504x335-20091252-20101019013121-260608Срцето на неговата сопруга Трејси престанало да чука само неколку моменти откако на Бадник во 2009 година ја довеле во породилното одделение во Колорадо Спрингс. Доживеала срцев удар.

Лекарите со итен царски рез се обиделе да го спасат животот на бебето. Меѓутоа, Мајк дознал уште една тажна вест – и неговиот син ја изгубил битката за живот.

Го земал момчето во рака, па почувствувал дека се мрда

Расплакан, го земал во раце својот мал син, а потоа почуствувал дека момчето се движи. Во исто веме и неговата сопруга, тогаш 33-годишна, повторно почнала да дише.

– Го губев тлото под нозете. Се што имав ми го земаа, а потоа одеднаш се беше вратено. Беше тоа Божја рака, раскажал Мајк.

majk

Докторите не знаеле логички да објаснат што се случило и како мајката и бебето се опоравиле.

– Беше мртва. Срцето не и чукаше, не дишеше. Беше сива и не даваше знаци на живот, објаснила докторката Стефани Мартин.

– Трејси и јас сме верници и само едно е објаснувањето што таа и бебето се тука, тоа е чудо, рекол Мајк кој во моментот кога срцето на неговата сопруга престанало да чука чувствувал како и неговото да запира.

„Животот му почна во моите раце“

Кога лекарите се одлучиле за царски рез, не користеле анестетик затоа што верувале дека починала. После зафатот, дел од медицинскиот тим се одлучил да продолжи да ја оживува Трејси, додека другите лекари почнале да го масираат бебето.

bozicno-cudo-mama-i-beba-umrle-i-ozivjele-na-porodu-482x321-20091252-20101004005607-260580Додека Колтин лежел во рацете на неговиот татко, мислеле дека напорот е залуден.

– Ми го дадоа во раце, беше потполно безживотен, Но, потоа неговиот живот му почна во моите раце. Тоа чувство не се опишува.

Кога ќе порасне, на синот ќе му раскаже што се случувало

Трејси, чие срце не чукало полни четири минути, не се сеќава на ништо. На нивниот син се одлучиле да му раскажат се во врска со трауматичното породување кога ќе биде доволно стар за да ја разбере целата ситуација.

– Ќе му кажеме се. Колку тешко дошол на овој свет и дека моето бебе е чудо, рекла Трејси.

Колтин е третиот син на овој пар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1