Британец го поминал обезбедувањето на аеродромот со пасошот на својата девојка


Британецот Џош Рид на необичен начин дознал колку всушност е лоша безбедноста на Лондонскиот аеродром „Хитроу“. Ова високо, брадесто и корпулентно момче тргнало на пат до Германија но по грешка го зел пасошот на својата девојка. Иако е тешко да се поверува дека вакво нешто може да му се случи на некого, Рид без проблеми стигнал до Дортмунд , а никој не забележал дека користи женски пасош.Pasoh

Кога во Дортмунд требало да се најде со неговите пријатели, тој не забележал дека го зел пасошот на својата девојка.

Без проблем се качил на авион од компанијата „Рајан ер“ и отпатувал за Германија, а кога се симнал од авионот сфатил дека носи погрешен пасош.

– Беше страшно. Јас воопшто не личам на својата девојка. Обезбедувањето на аеродромот дефинитвно би морало повеќе да внимава – изјавил тој и додал дека се запаршал колку луѓе поминале со лажни исправи само поради невнимание на персоналот на аеродромот.

Кога се вратил во Лондон, го користел својот пасош, бидејќи неговата девојка преку курир му го испратила пасошот.

Од „Рајан ер“ изјавиле дека за овој пропуст е виновен работник на „Свиспорт“, компанија која работи за „Рајан ер“, кој не го проверил внимателно пасошот на овој патник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1