Британски политичар од Лабуристичката партија и општински советник во град Витби, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин за конфликтот во Украина го советуваат вонземјани, пишува „Дејли мирор“.
Според Симон Паркс во украинската криза биле вмешани и раса влекачи инопланетарни кои ги насочуваат активностите на Путин. Тој ги крстил рептилиите „Северњаците“. Тие му подале рамо на Путин против американското влијание во регионот.
-Токму „Северњаците“ го советувале рускиот претседател да се спротивстави на САД, тврди Паркс.
Лабуристичкиот општинар е опседнат со вонземјани. Во претходните изјави тој тврдеше дека ја изгубил невиноста од вонземјанин кога имал само 5 години. Самиот тој е убеден дека неговиот биолошки татко е рептил од Северњаците. Во популарно шоу на телевизискиот канал „ITV“ Паркс се довери дека имал секс со вонземјани најмалку четири пати годишно.