Британците покренаа петиција ликот на Дејвид Боуви да се најде на банкнотата од 20 фунти


Фановите на неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви го повикаа светот, а особено Британците да гласаат за тоа ликот на пејачот да се стави на банкнотата од 20 фунти.

Британија на пролет треба да добие нови банкноти, а постои можност овој предлог да се усвои.dejvid-bouvi-na-novcanici-od-20-funti-printskrintviter-1452884510-824897

Во петицијата стои: „Не гледаме подобар начин да му се оддаде чест на Дејвид Боуви, кој почина на 10 јануари, од печатењето на неговиот лик на новата банкнота од 20 фунти. Неговата музика и звук беа подлога за важни случувања во животите на многумина од нас. Неговиот стил, музика и присуство внесоа нови параметри во културата на нашето време. На гласањето спорведено во 2002 година за сто најпопуларни Британци, Боуви заврши на 22 место, што јасно говори колку граѓаните на Велика Британија се поврзани со неговиот лик и дело. Не постои подобра личност чиј лик треба да се испечати на банкнотата од 20 фунти – напишале покренувачите на оваа петиција.

Британија оваа пролет треба да добие банкноти во наведениот апоен, но се уште не е одлучено чиј лик треба да биде на неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1