„Бритиш ервејс“ ги откажа сите летови од аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“


Британска авиокомпанија „Бритиш ервејс“ соопшти дека ги откажа сите летови од главните лондонски аеродроми „Хитроу“ и „Гетвик“ што беа планирани до седум часот вечерва, заради компјутерски проблем на глобално ниво, пренесоа британските медиуми.

„Имавме голем пад на системот на информатички технологи (ИТ) што предизвика тешки пречки кај нашите воздухопловни операции ширум светот“, стои во соопштението на „Бритиш ервејс“.

Авиокомпанијата посочи дека нејзините терминали на двата аеродрома се „затворени“ и патниците ги повика да не се упатуваат кон аеродромите.

Претходно денеска беше соопштено за долги редови на шалтерите за регистрација на патниците на „Хитроу“ и за доцнење на летовите.

„Бритиш ервејс“ не ја посочи причината за компјутерскиот проблем, но уверува дека работи на неговото што е можно побрзо отстранување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1