Бркотница низ Македонија: Полициска потера по возило полно со мигранти


Жител на село Радолишта, струшко во комби со албански регистарски таблички се обидел да прокримумчари 12 мигранти од Сирија, соопшти МВР.

Триесет и шест годишниот Ќ.Р. вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населбата Карпош, додека полициски службеници вршеле редовна контрола на возила и возачи, околу 10 часот, движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово во обид да го сопрат возилото со кое управувал, тој со голема брзина свртел полукружно и се дал во бегство назад кон Крива Паланка.

policija-skopje1-540x320

– Полициските службеници веднаш тргнале во потрага по возилото, а кај местото викано Света Петка истото повторно свртело полукружно и со голема брзина продолжило да бега кон Куманово. При обид на полицајците да го престигнат возилото, возачот не им оставил простор обидувајки се да удри во службеното возило. Продолжувајки со голема брзина од магистралниот пат се вклучил на автопатот бегајки во насока кон Скопје, притоа не застанувајќи на неколкуте полициски патроли кои се обиделе да го сопрат, се наведува во соопштението.

За сопирање на возилото, на автопатот била поставена блокада, но возачот не застанал, обидувајки се да прегази полицискиот службеник и продолжил да се движи. Полицајците испукале неколку куршуми во воздух, но возилото не застанало и движејки се со голема брзина се исклучило кон Куманово а потоа продолжило по регионалниот пат кон Скопје.

При бегањето, возачот во неколку наврати ќе предизвикал сообраќајни незгоди, а во близина на железничката пруга кај Черкеско село удрил во возило и не застанувајки продолжил кон село Никуштак каде повторно не застанал на полициската патрола обидувајки се да прегази полициски службеник, при што од страна на патролата е пукано во воздух.

– Возачот со комбито продолжил со голема брзина продолжило да бега, и преку село Арачиново се упатил кон Скопје каде се исклучил на обиколницата кон Тетото, не застанувајки на патролата на автопатна полиција. Исто така не застанал ниту на наплатната рампа туку кршејки ја со голема брзина продолжил да се движи кон Тетово, стои во соопштението на МВР.

Возилото со мигрантите било блокирано од повеќе полициски возила во близина на село Групчин при што полицајците го лишиле возачот од слобода. Од СВР Скопје работат на целосно расчистување по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1