ФОТО: Таткото си го пронашол киднапираниот син по 24 години


Сун Бин (28) имал 4 години кога бил киднапиран од пазарот каде што неговиот татко имал тезга, во кинескиот град Ченгду во провинцијата Сечуан. Киднаперите го продале на брачна двојка која немала деца за цена од 259 фунти.

Ова момче 24 години живееле во градот Сјужу 10.000 километри далку од својот роден град , пишува „Дејли меил.20150116185631_283962

– Фактот дека им дале пари на луѓето кои ме киднапирале од моите родители, значи дека помеѓу мене и луѓето што ме одгледале секогаш ќе постои одредена дистанца. Сепак од друга страна мора да признаам дека израснав  опкружен со многу љубов и внимнаие кои ми го подаруваа. Сепак отсекогаш знаев дека морам да ги најдам моите вистински родители – изјавил Сун.

 Дури кога бил доволно возрасен за да може да ги побара биолошките родители , одлучил да ги побара.

– Тоа го направив сега кога пораснав, бидејќи сакав тоа да го направм сам, а притоа да не ги вознемирувам луѓето кои ме одгледаа – вели тој.

Бин почнал да ги бара родителите во 2010 година и тогаш испратил свој ДНК примерок во владината база на податоци, а оттаму му јавиле дека го пронашле човекот со одговарачката ДНК. Неговиот 45-годишен татко Ку и неговата мајка Ло цели 4 години патувале низ Кина во надеж дека ќе го пронајдат синот единец.

– Тие години работев на пазар, продавав зеленчук и секогаш го водев синот со себве. Додека работев со муштериите, киднаперите го искористиле моментот на моето невнимание и го грабнале. Се што ми остана од него е таа слика по неговото исчезнување. Тогаш имаше 4 дена и 15 дена – вели Ку и додава дека неговата жена се разболела и умрела од тага по синот.

Ку и Ло конечно престанале да трагаат по синот во 1995 година откако добиле уште едно дете, ќерка. Меѓутоа жената не можела да го прежали синот и умрела од скршено срце.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1