Бројни колапси поради жештините, луѓе губат свест во банки и аптеки


Заради високите температури, за само 48 часа во Скопје се регистрирани 6 колапси на јавни места и во домашни услови. Како што информираат од Итната медицинска помош во текот на вчерашниот ден до пладне, колапси се регистрирани кај повозрасни лица на кои што им се слошило на шалтер во банка и во аптека, пренесува Вечер.

brza pomos

Тие веднаш биле пренесени со возилата на Брзата помош на лекување во скопскиот Клинички центар. Како што информираат од дежурната служба во просек дневно се регистрираат по десетина јавувања повеќе од вообичаено за овој период од годината кога се карактеристични високите летни температури.

-Дневно има од два до три мозочни удари и уште толку срцеви. Дежурните екипи се постојано на терен со цел да им се помогне на пациентите на кои што тоа им е потребно -вели д-р Карамановски од Итната медицинска помош.

Според него хронично болните лица треба да се почитуваат препораките на матичните лекари, да ја земаат редовно терапијата и во периодот од 11 до 17 часот да не излегуваат без потреба надвор, директно на сонце. За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштитат од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности. Се препорачува да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна. Лекарите укажуваат на овие високи температури да се внимава на одржување на хигиена на раце, како и хигиенски начин на подготовка на храната. Поради високите температури во кол центарот Ало докторе! само минатата недела се јавиле 1.125 граѓани. Тие од дежурните лекари добиле совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести. Најголемиот дел од јавувањата биле со широк спектар најчесто е се жалеле на главоболки, стомачен вирус,покачен крвен притисок и симптомна болка, пренесе Вечер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1