Во сообраќајна несреќа повреден победникот на Х-Фактор, Амел Ќуриќ (ФОТО)


Овогодишниот победник на „Икс Фактор Адрија“, Амел Ќуриќ се здобил со полесни повреди при сообраќајна несреќа, што се случила викендов во близина на босанскиот град Олово, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

Инцидентот се случил кога Бе-Ем-Ве-то со кое управувал Ќуриќ, дирекно се судрило до возило марка „Пасат“, кое било дел од придружбата на потпретседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ.1amelcar

Чуриќ во изјава за „Днвени Аваз“ ја потврдил несреќата, но одбил да даде повеќе детали.

Полицијата од Зеница соопшти дека покрај Ќуриќ во неговиот автомобил се наоѓале и неговата девојка и нејзината сестрата, која се здобила со потешки повреди и е пренесена во болница во Сараево.630755_x-faktor-9-control-2-foto-promo_ff-1

Полицијата одбила да даде официјална изјава за причините за несреќата, но според „Дневни Аваз“ до неа дошло кога „Пасатот“’ од придружбата на Салкиќ се обидел да претекне колона возила, при што директно удрил во автомобилот на Ќуриќ.

Салкиќ, кој бил во друго возило, по несреќата излегол да види што се случило, по што се вратил во својот автомобил и си заминал2amelcar

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1