Бројот на жртви од невремето се искачи на 16 – 13 од нив се идентификувани


Се зголемува бројот на жртвите од невремето во скопскиот регион.

Началникот на одделението за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи, Наталија Спирова Кодриќ соопшти дека според последните податоци, до 11.15 часот бројот на жртви од невремето се зголемил на 16, 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, додека за тројца е во тек идентификација.skopje poplava22

Во болниците се примени 22 повредени лица додека засега шест лица се водат за исчезнати. Но, од МВР стравуваат дека бројот на жртвите ќе се зголемува. Неофицијално бројот на жртвите е 20, бидејќи пријавено е дека има уште четири настрадани лица, но се уште нема официјална потврда за тоа.

-Бројките се менуваат од минута во минута. Стравуваме дека бројот на жртвите ќе се зголемува. Со повлекувањето на водата се откриваат нови тела на удавени луѓе, изјави Спирова.

Силното невреме во Скопје во саботата вечерта сруши и поплави многу куќи, голем број на автомобили останаа заглавени, во голем дел од регионот немаше струја, а најпогодени беа Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Смилковци

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1