Брошура за Охрид по која и охриѓанец би се изгубил


На интернационалниот туристички саем во холандскиот град Утрехт, се делеле брошури за Охрид со погрешни информации. Ова на фотографијата е еден од примероците печатени на српски, англиски и на холандски јазик. Ја финасирала Општина Охрид, но нема податок која година е печатена, јавува телевизија Алфа. 

ohrid brosura
Внатре ќе сретнете информации дури и за веќе непостоечки туристички агенции , како и телефонски 5-то цифрени броеви со повикувачки префикс 096, кој не се користи веќе 15 години. Нема можност за комунакција по електронски пат, оти не е наведена ниту една електронска адреса, а во штурите информации-ќе залута дури и охриѓанец. Дел од приложените фотографиите се стари повеќе од 5 години и прикажуваат објекти кои веќе не постојат.

Раководителот на секторот за туризам преку општинскиот портпатол, пренесува дека оваа брошува за саемот во Утрехт некој ја подметнал, делејќи ја на присутните, иако општината ја повлекла брошурата поради погрешните информации содржани во неа.

За оваа брошура испечатена во 300 примероци, на име на компанијата КВЕМ се префлени 196.000 денари.

Извор – Алфа ТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1