Брука: Јованка Броз живеела во полураспадната куќа (ВИДЕО)


BROZВдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка (89), сама се грижела за себе и за своето здравје, што последниве неколку денови ѝ е влошено. Условите во кои живеела во својата куќа од 750 квадратни метри се на најниско ниво.

Некогашната убава вила се претворила во руина, а поради негрижата веќе е во првата фаза на распаѓање. Трошни ѕидови, малтер што паѓа, зголемена влага. Во просториите што не се користеле со години мебелот е покриен со најлонски кеси.

– Само еден од ќошовите нема прокапено – рече Јованка во 2009 година, кога Ивица Дачиќ и Расим Љајиќ ѝ дадоа лични документи и пасош.

Куќата требаше да ја одржува Управата за заеднички работи на државните органи. Јованка во петокот беше хоспитализирана во Ургентниот центар во Белград во лоша здравствена состојба, дехидрирана и со поматени вид и свест.(Фото: Јутјуб)

(Фото: Јутјуб)

(Телеграф.мк/Извор: Телеграф.рс)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1