Во текот на изминатото деноноќие непознати лица ги обиле возилата кои биле завеани од снегот на патот Стајичево-Перлез во Србија , а на некои им биле украдени и тркалата
Градоначалникот на Зрењанин Иван Бошњак го осудил нанесувањето на штетата и кражбите во автомобилите кои биле завеани на патот, поради снежните наноси во петокот и саботата.
– Апелирам до сите граѓани чии возила се заробени во снегот да дојдат и да ги подигнат во договор со сообраќајната полиција, изјавил Бошњак.