Ордените за храброст кои Јованка Броз ги добила како мајор на ЈНА и носител на партизанска споменица од 1941 украдени се од „Куќата на цвеќето“, по погребот на вдовицата на Тито, пренесува српски „Блиц“.
Од семејството на Броз потврдиле дека кога после погребот отишле во Музејот на историја на Југославија, каде припаѓа и „Куќата на цвеќето“, да ги преземат ордените, им било кажано дека се украдени.
Јованка Броз почина во 89-та година од животот, во белградскиот Ургентен центар.